Авион кој лета на релацијата Штутгарт-Приштина бил принуден да слета на аеродромот во Љубљана, откако за време на летот внатре во леталото избил оган.

Според информациите до кои дојде порталот „Газета Експрес“, авионот слетал безбедно на аеродромот во главниот град на Словенија и не настрадал ниту еден од патниците, кои се речиси сите од Косово.

Единствено пилотот на авионот се здобил со повреди, но сè уште нема информации колку се тие сериозни.

Од приштинскиот аеродром „Адем Јашари“ за порталот изјавија дека не можат да се произнесат за инцидентот, бидејќи тој не се случил во Косово.

– Со оглед дека не се случи кај нас, ние не можеме да се произнесеме за некоја друга компанија – изјави портпаролот на приштинскиот аеродром, Унидон Красниќи.