Ѓукановиќ: Не го одземаме имотот на СПЦ

48

Со предложениот закон правно се регулира статусот на верските заедници и апсолутна лага е пласираната информација дека државата сака да го одземе имотот на Српската православна црква (СПЦ) стекнат до 1918 година, изјави претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Тој за црногорските медиуми појасни дека предложениот закон за слобода на религијата не се занимава со Црногорската православна црква (ЦПЦ), иако идејата за нејзино обновување има историска основа.

Тој рече дека нацрт-законот за слобода на религијата нема да биде повлечен и дека тој и Владата имаат апсолутен легитимитет да го разгледаат тоа прашање.
Ѓукановиќ посочи дека тој не го предложил тој предлог-закон и затоа нема да го повлече, како што му сугерира опозицијата.

– Тоа прашање е на дневен ред, не по мој предлог, и затоа не може да биде ниту повлечено, како што ми сугерираат – вели Ѓукановиќ.