Шарец: ЕУ е најдоброто нешто што нѝ се случило во поновата историја

96

Словенечкиот премиер Марјан Шарец изјави дека членството во Европската Унија е најдоброто нешто што ѝ се случило на Словенија во нејзината историја, но дека е против федерализација на ЕУ и ја застапува прагматичната политика со нагласок на националните интереси, со кои се гради сојузништвото во Европа.

– Членството во ЕУ е најдоброто нешто што нѝ се случило во поновата историја, иако можеби имавме превисоки очекувања – рекол Шарец во разговор за љубљанско „Дело“.

Словенечкиот премиер порача дека сака во ЕУ да води суверена политика базирана на национален интерес и при тоа Словенија треба да склучува прагматични ад хок сојузништва.

– Но наш најголем проблемво врска со ЕУ е тоа што премногу стриктно ги применуваме европските директиви. Се што доаѓа од европските канцеларии, не треба да се зема како нешто свето, а ние во тоа знаеме да бидеме поголеми папи и од самиот папа – додал Шарец.