Членови на Исламската држава од БиХ пристигнаа во Сараево

128

На аеродромот во Сараево вечерва пристигнаа државјани на Босна и Херцеговина, кои се бореле во терористичката организација Исламска држава, пренесуваат босанските медиуми. Авионот, со кој летале е воен.

Претходно беше најавено дека мажите по кои е распишана меѓународна потерница, веднаш да бидат спроведени во просторијата на Обвинителството на БиХ, бидејќи веќе им е определен притвор.

Како што пренесуваат босанските медиуми, се работи за државјани на БиХ и нивните семејства, кои биле во Сирија. Оваа група требаше да пристигне во Сараево пред две недели, но еден ден пред депортацијата се беше одложено, иако Претседателството на БиХ беше согласно.