Чепурин: Можно е Русија подлабоко да се вклучи во косовскиот проблем

196

Постои можност Русија „уште подлабоко се вклучи“ во решавањето на косовскиот проблем, доколку се појават такви предлози, наведува рускиот амбасадор во Белград Александар Чепурин, во авторскиот текст за весникот Политика, по повод Денот на државноста на Русија.

– Нашиот став е неизменет-го поддржуваме она решение кое Србија и српскиот народ ќе го сметаат прифатливо за себе. Поаѓаме од тоа, правната основа за договор е Резолуцијата на Советот за безбедност – констатира рускиот амбасадор во Белград.

Тој истакна дека во последно време неоправдано се извлекуваат паралели помеѓу Косово и Крим, бидејќи тоа се „две потполно различни приказни“, со оглед на тоа што Косово се одвои од Србија без почитување на Декларацијата за меѓународно право на ОН од 1970 година, додека, пак, Крим се одвои во согласност со начелата на оваа Декларација.

– Прашањето за Крим е дефинитивно затворено. Крим е Русија, а Косово е Србија. Тоа не е само парола, тоа е правна реалност која мора да се почитува – оцени Чепурин во текстот за Политика.