Црногорскиот претседател против корекција на границите на Балканот

172

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ се противи на корекција на границата меѓу Србија и Косово. Во интервју за Би-Би-Си вели дека не се противи поради тоа што се сомнева во способноста на двајцата лидери од Белград и Приштина да се договорат, туку поради немањето гаранции дека со такви идеи ќе се продолжи на Балканот, но и во Европа.

Ѓукановиќ прашува дали тоа значи откажување од моделот на мултиетничко општество на Балканот или тоа е враќање во 90-те, притоа заборавајаќи на војните инспирирани од тие идеи – да се направат етнички и верски хегемонии и голема Србија, Хрватска и Албанија.

– Кој може разумно и убедливо да не увери дека и денес секоја корекција на на границите мотивирана од етничка или верска хомогенизација не е само прв чекор во тој правец? Мораме за тоа целосно и долгорочно да размислуваме, да не направиме чекор во погрешен правец и да предизвикаме домино ефект на ретроградните идеи – истакна Ѓукановиќ.