Црногорец уапсен на плантажа со кокаин во Колумбија

75

Колумбиската полиција го уапси Рајко Бошковиќ (27), роден во Подгорица, за поседување на десетина килограми кокаин, пишува црногорски „Дан“.

Според овој весник, тој беше уапсен на една од плантажите на кокаин во департманот Нарињо во југозападниот дел на Колумбија, кој се граничи со Еквадор на брегот на Пацификот.

Бошковиќ, наводно, работел на плантажите на кокаин како физички работник, а претходно ја работел истата работа во неколку земји од Јужна Америка. Нема детали за апсењето и дали подгоричанинот е осомничен за друго кривично дело, пишува „Дан“.

Дрогата била пронајдена во колективното сместување што го користел Бошковиќ.