Црногорец повикал пожарникари бидејќи во моторот му се сокрила змија

176

Сопственик на мотор повикал пожарникари бидејќи забележал дека змија се вовлекла во возилото што го паркирал кај Градскиот стадион во Подгорица.

Сцената го привлекла вниманието на минувачите, а пожарникарите по десетина минути ја извлекле змијата, наведувајќи дека не станува збор за отровница.

Тие змијата ќе ја вратат во природно живеалиште, пренесе порталот „ЦдМ“.

Овој период од годината е вообичаен за змиите, а во Црна Гора живеат 15 видови на змии.