Црна Гора ќе прими пет мигранти од Италија

30

Владата на Црна Гора денеска решила да прими пет мигранти од Италија, за да им помогне на италијанските власти да се справат со групата од 140 луѓе кои пристигнаа со брод од Африка, јави хрватската агенција Хина.

– Од почит кон принципите на хуманитарност и солидарност со луѓето во неволја, и во согласност со традиционалните вредности на црногорското општество, Владата реши, на барање на Италија, да прими пет мигранти од бродот Дичиото – соопшти Владата на Црна Гора.

Италијанските власти со денови одбиваа да им дозволат на мигрантите на бродот да стапнат на копно и инсистираа од земјите членки на Европската унија да се договорат меѓу себе и да ги примат мигрантите.

Во меѓувреме, се проценува дека околу 20 мигранти дневно влегуваат во Црна Гора, најчесто преку Албанија, и го продолжуваат нивниот пат кон западна Европа преку Босна и Хрватска.