Црна Гора ќе им дава двојно државјанство на Србите

133

Црна Гора, по 12 години, најпосле би можела да им дозволи на своите граѓани двојно државјанство – црногорско и српско, истакна премиерот Здравко Кривокапиќ.

Информацијата тој ја сподели на својот профил на Твитер.

– Голем број граѓани кои со години живеат во Црна Гора, а не добиле државјанство од нашата земја заслужија тоа прашање конечно да се реши. Владата на Црна Гора во следниот период ќе го реши овој проблем – истакна Кривокапиќ.

Законот за црногорско државјанство од 2008 година не дозволува двојно државјанство – црногорско и српско. Како образлоижение на законот беше наведена заштитата на црногорскиот идентитет.

Претходната влада стравуваше и дека ваквиот потег би можел да доведе до тоа во Црна Гора да има повеќе граѓани со српско отколку со црногорско државјанство, а со тоа и промена на политичката сцена.

На другите нации во Црна Гора не им е забрането двојно државјанство.