Црна Гора избра нова влада

144

Парламентот на Црна Гора денеска избра нова влада, чиј претседател е Здравко Кривокапиќ.

За изборот на новата влада, во која ќе има 12 министерства и еден потпретседател, гласаа 41 пратеник, 28 беа против, а еден беше воздржан.

Кривокапиќ беше номиниран за премиер од црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ на 8 октомври по барање на три коалиции, кои обезбедија парламентарно мнозинство по изборите.