Црна Гора ги озакони истополовите бракови

109

Парламентот на Црна Гора го изгласа законот за истополови бракови. Овој акт го поддржаа 42 пратеници, а петмина беа против, пренесува РТЦГ.

Предлог-законот беше во собраниска процедура минатата година, но не го доби потребното мнозинство за време на гласањето на парламентарната седница на 31 јули.

Законот им дозволува на истополовите двојки во Црна Гора да ги уживаат истите права како и брачните заедници меѓу маж и жена, само без можност за посвојување деца.

Посебно е нормирано одржувањето меѓу партнерите, а имотните односи на партнерите се детално регулирани.

Партнерите имаат право на меѓусебно наследство, а регулиран е и нивниот даночен статус.