Ципрас ја потврди датата на која ќе се одржат парламентарните избори

44

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, потврди дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 7 јули, по поразот на неговата левичарска партија Сириза на локалните и на изборите за Европскиот парлмент.

Тој во интервју за ЕРТ телевизија изјави дека в понеделник ќе отиде кај грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, за да побара да бидат распишани избори.

– Резултатите од евроизборите нѝ испратија порака за разочараноста на граѓаните. Наша грешка е што не бевме свесни за заморот на грчкиот народ – изјави Ципрас кој на власт дојде во јануари 2015 година.