Хуриет: Турција го раскина договорот за реадмисија со Грција

109

Турција го раскина договорот за реадмисија со Грција, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, јави весникот „Хуриет“.

Информацијата доаѓа неколку дена откако Атина ослободи четворица турски војници кои избегаа во Грција по обидот за државен удар во 2016 година. Чавушоглу оцени дека таа одлука е „неприфатлива”.

Во понеделникот, четворица војници беа ослободени по истекот на налогот за апсење. Одлуката за нивните барања за азил се уште не е донесена.