Хрватски војници во Авганистан цел на бомбашки напад

75

На вонредна прес-конференција хрватското Министерство за одбрана објави дека хрватските војници биле нападнати во Авганистан и дека тројца војници се сериозно повредени, а еден се здобил со тешки повреди на главата и се бори за живот.

Хрватските војници околу 8 часот тргнале од кампот Гибсон, кој е во склоп на аеродромот во Кабул, каде што се сместени. Од кампот Гибсон тргнал конвој со пет неборбени, но оклопни возила. Во секое возило имало три лица. Хрватските војници биле во три возила, додека во другите две биле Авганистанци.

– На патот до кампот Лио во конвојот се залетал мотоцикл со бомбаш самоубиец. Авганистанските сили дојдоа на местото на настанот и им помогнаа на нашите повредени. Ако возилото не беше блиндирано, последиците ќе беа многу потешки – соопштија од МОРХ, додавајќи дека истрагата е во тек.