Хоџај: Унмик повеќе не му е потребен на Косово

63

Заменикот на косовскиот премијер Енвер Хоџај смета дека нема потреба од понатамошно присуство на мисијата на Унмик заоа што, како што тврди, Косово е стабилно.

–  Миротворците се потребни во зоните на судири, но постоењето на Унмик на Косово сега е непотребно, затоа што во земјата постои одржлива стабилност. Мисијата на Унмик би требало да заврши и нејзиниот буџет да се распредели на друго место, напиша Хоџај на Твитер.

Хоџај и претходно изјавуваше дека треба да се укине мисијата на Унмик на Косово.