Хотелиерите се жалат на недостиг од кадар, а не сакаат да платат повеќе

72
Поради ниските дневници не беа искористени ни квотите за сезонските работници од странство

Работодавците во Хрватска остро се спротивставија на предлогот на министерот за туризам за зголемување на платите во хотелиерството и угостителството за 30 проценти

ХРВАТСКА

Предлогот на хрватскиот министер за туризам Гари Капели за еднократно зголемување на платите на угостителските работници за 30 проценти наиде на остри реакции и коментари кај претставниците на хотелиерскиот сектор во Хрватска. Оваа храбра изјава на хрватскиот министер следува по зачестените изјави на сопствениците на хотели и угостителски објекти, кои се жалеа на недостиг од работна сила од околу 16.000 келнери, собарки, готвачи и други професии во областа на угостителството и туризмот. Поради ниските дневници годинава не беа искористени ни квотите за сезонско вработува- ње на работници од регионот, главно од Босна и Херцегови- на.

Претставниците од хотелскиот бизнис и од туристички- те здруженија во Хрватска во изјава за „Јутарњи лист“ остро се спротивставуваат на предлогот за зголемување на платите, а изјавата на министерот ја сметаат за неоснована.

– Неговите изјави се целосно депласирани и не разбирам од каде доаѓа оваа идеја. Разните душегрижници нека размислуваат за начинот за да ја средат прескапата држава, наместо да зборуваат за платите. Платите, сигурно, треба да се зголемат, но несфатливо е за тоа да се говори паушално од луѓе што немаат никаква врска со бизнисот – вели хотелиерот Јако Андабак.

Сличен став имаат и другите соговорници на „Јутарњи лист“, кои настапот на министерот го сметаат за „чуден, кој из- легува од вообичаените рамки на комуникација“.

– На средината на сезоната да се излегува со предлог за ед- нократно зголемување на платите за третина може да влијае само на внесување хаос во секторот, кој и така се соочува со недостиг од работна сила. Министерот сугерира дека газдите на хотелите можат, но не сакаат да им ги зголемат платите на своите работници. Ова тврдење не е точно и не е добро за туризмот – изјави Иван Сабљиќ, претседателот на Здружението на работодавци во хотелиерството во Хрватска.

Според него, зголемувањето на платите на угостителските работници треба да се одвива во пакет со даночни олеснувања, намалување фискални давачки и со подобрување на условите за работа на вработените лица.

– Зошто министерот повеќе не говори за износот на парите што хотелиерите ги вложија во оваа туристичка сезона, а што се предуслов за создавање работни места. Зголемувањето на платите не може да се реши со намалување на општата стапка на ДДВ од 25 на 24 отсто. Нам ни е потребно системско решение за проблемите во хрватскиот туризам – додава Сабљиќ.

Зголемувањето на платите за третина, хотелиерскиот сектор во Хрватска би го довел во минусно салдо, смета финансиската консултантка Сања Чижмар.

– Бруто-трошоците за вработените во овој сектор во 2017 година изнесуваат шест милијарди куни, а остварената консо- лидирана добивка е помала од 1,5 милијарда куни. Зголемувањето на платите за 30 отсто изнесува две милијарди куни, што значи дека секторот повторно би влегол во загуби, иако тој стопанисува позитивно и со ниски профитни маржи. Лани трошоците за работна сила растеа побрзо од вкупниот приход на угостителскиот сектор. Доби- вката растеше со пониска стапка од седум отсто, што значи дека хотелиерите веќе дел од добивката пренасочиле во платите за вработените – вели Чижмар.

Предлогот за зголемување на платите за 30 отсто министерот Капели го темели на анализите на финансиските резултати на најголемите хотелски компании во Хрватска во последните четири години.

– Забележавме дека стапката на пораст на приходите е поголема од стапката на пораст на платите. Уделот на нето-добивката е поголем од порастот на трошоците за работна сила. Затоа тезата дека порастот на платите ќе им ги изеде инвестициите и добивката едноставно не е точна. Од деловните биланси се гледа дека има простор за зголемување на платите за наведениот процент. Секоја година се слуша истата приказна дека нема да има нови инвестиции, кои не се во директна корелација со стапката на ДДВ – изјави мини- стерот Капели.