ХДЗ го слави убедливиот изборен резултат

95

ХДЗ на Андреј Пленковиќ освои 66 мандати на изборите кои вчера беа одржани во Хрватска според околу 90 отсто од обработените гласачки ливчиња.

Коалицијата Рестарт има 41 мандат, Домовински покрет 16, Мост 8, платформата „Можеме“ 7, реформистите два, а коалицијата Паметно/Фокус/ССиП и ХНС освоија по едно пратеничко место.

Од Домовински покрет на Мирослав Шкоро велат дека освоиле 16 мандати и испратија јасна порака на ХДЗ дека нема да има влада без нив.

Во Хрватскиот сабор има 151 пратеничко место.