Хашим Тачи на сослушување пред Специјалното обвинителство

59

КОСОВО

Косовскиот претседател Хашим Тачи вчера требаше да биде сослушан во Хаг од Специјалното обвинителство за Косово, кое кон крајот на јуни го обвини за воени злосторства на Косово. Покрај Тачи, ова обвинителство поднесе обвинение и против Кадри Весели и други поранешни членови на ОВК.
Обвинителот посочи дека изјавата за обвинението е дадена поради континуираните обиди на Хашим Тачи и Кадри Весели да ја опструираат и поткопаат работата на специјализираните совети, со желба тие да бидат укинати, за да се избегне појавувањето пред правдата.

Обвинението сега е кај судијата надлежен за неговото преиспитување и донесување решение за потврдување. Според обвинителот, Тачи, Весели и другите осомничени во обвинението се товарат за речиси 100 убиства.
Претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели, изјави дека неговата битка, која ќе ја води заедно со косовскиот претседател Хашим Тачи во Хаг, ќе биде триумфална.
Тој на Фејсбук напиша дека Косово ќе излезе како победник од таа битка, затоа што, како што рече, војната на т.н. ОВК била праведна.