Харадинај: Посетата на Макрон во Белград не менува ништо

433

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, ја коментираше посетата на францускиот претседател во Белград, со оценка дека нема промени во односите меѓу Париз и Приштина, пренесува „Б92“. Тој потсети дека Франција ја признала независноста на Косово во рамките на сегашните граници.

Зборувајќи за таксите од 100 отсто на робата од централна Србија и БиХ, Харадинај рече дека услов за укинување на овие мерки е претходно признавање на косовската независност од српска страна.

Доколку, како што вели тој, Приштина би ги укинела таксите пред Белград да ја признае независноста, тешко ќе се дојде до заеднички договор со Србија. Според Харадинаj, желбата на сите земји е напредок кон ЕУ, но на Пришнтина не и од во прилог да покажува дека е слаба сè до завршната фаза.

– Ако дадете таков пример, побарувањата ќе се зголемат, ќе биде потребен консензус и повеќе компромиси – истакна Харадинај.