Харадинај официјално кандидат за премиер на Косово

119

Коалицијата на Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската партија го именува Рамуш Харадинај за заеднички кандидат за премиер на Косово, пренесува РТК2.

Во своето обраќање на церемонијата за именување, Харадинај истакна дека таксите од сто проценти за стоката од Србија ќе останат на сила сè додека Белград не ја признае независноста на Косово.

Тој рече дека на листата на кандидати за пратеници за седмиот состав на Собранието на Косово има луѓе кои ќе ја зголемат вработеноста.

-Нашите кандидати ќе направат напори за зголемување на вработеноста. Тоа се луѓе кои ќе го направат Косово рамноправно и земја со еднакви можности. Нашето Косово, со своите војска, полиција, судство и институции денес е побезбедно. Народот на Косово има свој дом – рече Харадинај.