Харадинај: Косово има подобри односи со Кина отколку со БиХ

347

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека односите на Косово со Кина се подобри одошто со Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за босанскиот весник „Аваз“, што го пренесоа косовските медиуми, Харадинај изјави дека „грешат многу оние кои мислат дека од непризнавањето на косовската независност губи само Косово“.

– Видете, нашите луѓе патуваат во Кина, Кинезите го признаваат нашиот пасош, дури и имаат свој конзулат тука (во Приштина). И, кога ќе погледнеме вака, Косово има подобри односи со далечната Кина одошто со соседната Босна и Херцеговина, изјави Харадинај.

Косовскиот премиер, сепак, не очекува дека наскоро може да се случи БиХ да го признае Косово.