Харадинај: Косово е вечно благодарно на НАТО

229

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај прими денеска 14-члена делегација, составена од поранешни воени лица и цивили, од повеќе држави, кои служеле во Косово по војната, како претставници на Советодавниот тим на НАТО, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на владината прес-служба, Харадинај им се заблагодарил за поддршката што ја пружиле на Косово во транзицискиот период, нагласувајќи ја помошта на експертите на НАТО во трансформацијата на Одбрамбените трупи (ТМК) во Заштитни сили на Косово (ФСК).

– Направена е голема работа од екипите на силите на НАТО и за тоа ќе бидеме вечно благодарни на Северноатлантската алијанса. ФСК е денес мултиетничка сила, со професионализам и подготвена според стандардите на НАТО, подготвена да придонесе за мирот во Косово, во регионот и во светот – изјавил косовскиот премиер.