Харадинај и Ахмети формираат предизборна коалиција

133

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), премиерот во оставка Рамуш Харадинај, и претседателот на Социјалдемократската партија на Косово (ПСД), градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети, потпишаа договор за заеднички настап на предвремените избори коишто есенва треба да се одржат во Косово.

– Денеска сме поподготвени да ги преземеме одговорностите по изборите. Имаме две пораки, политичка зрелост и надеж за земјата – изјави Харадинај, порачувајќи дека коалицијата останува отворена за евентуални нови партнери за заеднички настап на изборите.

Од трите партнери во досегашната владејачка коалиција, како добредојдени за соработка за наредните избори Харадинај ги спомна Социјалдемократската иницијатива (Нисма) и Алијансата ново Косово (АКР) на потпретседателите на Владата во оставка Фатмир Лимај и Беџет Пацоли.

Лидерот на ПСД, Ахмети, потврди дека е постигнат договор за заеднички настап со ААК и информира дека носител на коалициската изборна листа и кандидат за иден премиер ќе биде Харадинај.