Хан до Пацоли: Важен напредок во дијалогот со српската влада

48

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан во разговорот со косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли побара напредок во дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

– Ја нагласив важноста за напредок во дијалогот со српската влада, објави Хан во Твитер по состанокот.

Тој додаде дека „сеопфатното, обврзувачко решение” ќе биде добро за целиот регион.

Хан рече дека Косово е блиску до добивање визна либерализација за земјите од Шенген, откако Европската комисија го одобрила тоа.

Хан се состана со Пацоли во Њујорк пред седницата на Генералното собрание на ОН.