Фрлено брашно и јајца врз албанскиот премиер Еди Рама

624

Албанскиот премиер Еди Рама за време на денешната парламентарна седница беше гаѓан со брашно поради апсењата на лицата кои протестираа против воведувањето патарини на автопатот меѓу Косово и Албанија.

Кон Рама беа фрлени брашно и јајца, поради што седницата во неколку наврати беше прекината.

По инцидентот беше принудено да реагира и обезбедувањето, кое отстрани од салата неколку пратеници од редовите на опозицијата.