Фон дер Лаен: Еден од моите главни приоритети е Западен Балкан

69

Новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, најави дека Западен Балкан ќе биде еден од главните приоритети во нејзиниот петгодишен мандат.

-Сакам Западен Балкан да биде колку е можно поблиску до ЕУ, порача Фон дер Лаен.

Таа во текот на претставувањето на својот тим од еврокомесари и нивните задолженија нагласи дека ресорот соседска политика и проширување му го доделила на унгарскиот комесар Ласло Трошањиј имајќи го предвид фактот дека Унгарија, исто како и неа, имаат јасна заедничка цел кога станува збор за Западен Балкан.

-Западен Балкан е важен за нас. Сакам да биде колку е можно поблиску до ЕУ, да имаме многу добри односи, интензивна работа и соработка. Тоа ќе биде еден од моите главни фокуси за време на претседавањето, порача идната претседателка на ЕК.

Урсула фон дер Лаен повтори дека чекорите за влез во ЕУ се јасни, а за напредок на тој пат првично се одговорни земјите од Западен Балкан.