Фонтана во форма на „У“ ги подели граѓаните

372

Изградбата на новата фонтана во малата загорска општина во Хрватска предизвика реакции во јавноста поради специфичниот облик во стилизирана буква „У“, што потсетува на симболот на усташтвото. Фонтаната се наоѓа на централното место на плоштадот „Фрањо Туѓман“ во Конјшчина. Таа го подели месното население, а некои од нив ја сметаат за лошо архитектонско решение. Уредувањето на просторот ќе чини околу 1,5 милион куни, а дел се средства ќе бидат обезбедени од европските фондови.
Началникот на општината, Мирко Крзнар, кој е од ХДЗ, претходно изјави дека станува збор за црквена апсида, а за изгледот на фонтаната рече дека тоа е авторско изразување на проектантот. Локалната опозиција од СДП од почетокот на градбата на фонтаната не се согласуваше со ваквиот изглед на плоштадот.