Фајон: Визна либерализација за граѓаните на Косово оваа година

49

Пратеничката и известувачка на Европскиот парламент за визниот режим со Косово, Тања Фајон, му пренесе синоќа на претседателот на косовското Собрание Кадри Весели дека визната либерализација за граѓаните на Косово ќе се случи оваа година, се вели во соопштението на косовскиот Парламент. 

Оттаму известуваат дека Фајон му пренела на првиот човек на законодавниот дом оти Косово ги исполнило сите критериуми за визна либерализација. 

Фајон му рекла на Весели дека штом ЕК излезе со позитивен извештај во јуни, таа тоа прашање че го стави на дневен ред во Европскиот парламент на почетокот на јули.

По комисијата и Европскиот парламент, последен збор за визната либерализација го дава Европскиот совет.