Уставниот суд го централизира земјоделското земјиште

142

Делови од текстот на Законот за земјоделско земјиште во Република Српска е поништен од Уставниот суд на Босна и Херцеговина, поради што политичките претставници на српскиот ентитет го замрзнаа учеството во работата на државно ниво.
– Земјиштето и сите објекти им припаѓаат на ентитетите. Уставниот суд на БиХ е политичко тело и не е место на правдата, туку место за шпекулации. Ние нема да ги прифатиме овие неуставни одлуки – изјави српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик, по донесувањето на одлуката од Уставниот суд.

Уставниот суд на БиХ одлучуваше по барањето на седуммина делегати од Советот на народите во РС за оцена на уставноста за членот од законот, со кој се пропишува дека „секое земјоделско земјиште е јавно добро, односно државна сопственост, а според силата на законот станува сопственост и посед на Република Српска“. Судот утврди дека тоа е исклучива надлежност на БиХ за регулирањето на прашањето за државна сопственост.

Професорот по уставно право од Бања Лука, Миле Дмичиќ, вели дека одлуката на Уставниот суд е мотивирана од политиката и контекстот на централизацијата на БиХ, а со се сака да се засили иницијативата за формирање министерство за земјоделство на државно ниво.