Украдени ретки книги во вредност од 2,5 милиони фунти, пронајдени под подот на куќа во Романија

121

Околу 200 „незаменливи“ книги вредни повеќе од 2,5 милиони фунти (3,2 милиони американски долари), кои биле украдени од еден магацин во Лондон, се пронајдени закопани под подот на куќа во рурална Романија, соопшти полицијата, пренесе Би-би-си.

Делата вклучуваат први изданија на Галилео и Исак Њутн.

Тие биле украдени од крадци во јануари 2017 година, кои направиле дупки во покривот на магацин во Фелтам, а потоа влегле преку нив, избегнувајќи ги сензорите.

Мажите биле идентификувани како дел од романска банда за организиран криминал.

Бандата е одговорна за низата кражби на магацини со голема вредност низ Велика Британија, се вели во соопштението на лондонската полиција Метрополитен.

Полицајците ги откриле книгите под земја при претрес на куќа во регионот на Неама, во североисточна Романија.