Убиство во косовската Агенција за разузнавање

42

Убиство се случи претпладнево во зградата на Агенцијата за разузнавање на Косово (АКИ), каде што член на обезбедувањето усмрти свој колега, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата за порталот kallxo.com ја потврди заменикот јавен обвинител во Основното обвинителство во Приштина Ибрахим Бериша, најавувајчи дека во моментов може само да каже дека во зградата на Агенцијата е извршено убиство и дека обвинител е излезен на местото на настанот. Подетални информации Бериша најави за подоцна во текот на денот.

Убиството го потврдија и извори од Универзитатскиот клинички центар, од каде што информираа дека таму е однесено лице од АКИ, кое им подлегнало на повредите.

Засега нема други информации за настанот.