Убиен најбараниот бегалец во БиХ

413
Осомничениот се наоѓаше во бегство осум дена

Најбараниот бегалец во БиХ, Един Гачиќ, кој е осомничен за брутално убиство на полицаец и цивил, денеска е ликвидиран од страна на припадниците на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево.

Гачиќ е осомничен од страна на полицијата за извршени две убиства на 6 и на 9 февруари. Тој се наоѓаше во бегство осум дена по монструозните убиства.

Оттогаш жителите на БиХ се во постојан страв поради убиецот кој се криеше, поради што се воведени строги безбедносни мерки, а на терен биле ангажирани сите полициски сили.

Властите во Кантонот Сараево распишале и награда во износ од 25.000 евра за информација која ќе доведе до апсење на Гачиќ.

Гачиќ е сериски убиец и поранешен припадник на одредот „Ел Муџахедин“, кој од затворот во Бихаќ е пуштен на слобода во 2017 година.

Един Гачиќ