Уапсено лице под сомнеж дека е одговорно за девет пожари на грчкиот остров Евија

42

Од секторот за борба со криминал на подметнување пожари, утрово беше уапсен 32-годишен маж за кој постои сомнеж дека е одговорен за девет пожари на грчкиот остров Евија, соопштуваат од грчката противпожарна служба.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, уапсеното лице се товари дека ги подметнало сите пожари што од почетокот на летово се појавија на Евија.

На грчкиот остров, во периодот од 2 јуни годинава до вчера беа регистрирани вкупно девет пожари, од кои два во текот на вчерашниот ден.

Во пожарот на 12 август изгоре голема површина од околу 8.000 хектари.

Уапсениот денеска ќе биде изнесен пред јавен обвинител.