Уапсени пет лица во Гнилане

55

Косовската полиција денеска соопшти дека во околината на Гнилане биле уапсени пет лица осомничени за учество во активностите против уставниот поредок и безбедноста.
Во соопштението, косовската полиција ги демантира извештаите од медиумите дека операцијата е почната против некои поранешни припадници на косовските безбедносни сили.
Полициската операција продолжува со соработка и со координација со правосилните органи, пишува во краткото соопштение.
РТС претходно јави дека припадниците на специјалните сили на косовската полиција влегле во просториите на културно-просветниот центар „Божидар Митровиќ Шандор“ во Шилово во близината на Гнилане и во текот на акцијата притвориле тројца Срби.