Уапсени Албанки кои „празнеле“ супермаркети во Атина

107

Грчката полиција уaпсила седум Албанки кои година ипол краделе во супер маркетите во Атина.

Полицијата ги објави фотографии и идетнитет на упасените, кои „криминалната активност ја почнале од почетокот на 2016 година“.

– Начинот на кој вршеле кражби бил многу софистициран, употребувајќи апарати за деактивирање на механизмот против кражби. Исто така користеле и посебни чанти обвиткани со алуминиумска фолија, со цел да не бидат откриени од системот за аларм, се наведува во полициското соопштение.

Во акцијата запленети се повеќе од четири илјади парчиња облека, над илјада апарати за домаќинство, како и други производи.