Турција ќе продолжи со купување иранска нафта и покрај санкциите на САД

103

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека Турција нема да престане да купува нафта и природен гас од Иран, и покрај заканата од американски санкции.

Ердоган вели дека трговијата меѓу Анкара и Техеран ќе продолжи, а Турција не стравува од можни санкции на САД и не сака поради тоа, да ја загрози соработката со Иран.

Според весникот Сабах, Иран во Турција лани доставил над 25 милиони тони нафта.