Турција ќе ги намалува државните трошоци за 5,6 милијарди долари

32

Турција планира да ги намали државните трошоци за 5,6 милиајрди долари, со цел да ја зголеми довербата во националната валута, соопшти денеска турскиот министер за финансии и буџет, Берат Албајрак.

– Турција ќе спроведе нов економски пристап, кој ќе биде одржлив и ќе се базира на стретегиски начин на мислење, изјави Албајрак, промовирајќи ја новата економска стратегија на турската Влада.

Албајрак, кој е зет на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, нагласи дека новиот економски пристап ќе биде насочен кон промени, чија цел е обезбедување поголеми приходи во економијата. 

– Клучен пристап ќе биде воспоставување на баланс на буџетот и подобрување на неговиот квалитет, истакна турскиот министер за финансии и буџет. 

Според Албајрак, овие мерки треба да придонесат за зголемување на довербата во турската лира и за ограничување на надворешните влијанија на пазарите.

– Ќе се бориме со инфлацијата, ќе работиме на буџетска и финансиска дисциплина и на крајот на годината во буџетот ќе заштедиме 36 милијарид лири (5,6 милиајрди долари), додаде Албајрак.

Според него, новите економски мерки би требао да обезбедат раст на економијата во 2019 година од три до четири проценти и да ја намалат стапката на инфлацијата на едноцифрено ниво.  

Вредноста на турската лира денеска падна на рекорно ниско ниво во однос на американскиот долар, како резултат на тензиите во односите меѓу Анкара и Вашингтон, но и поради обидите на Владата на Турција да воспостави контрола врз монетарната политика на земјата. Еден американски долар денеска се менуваше за 6,614 турски лири.

Од почетокот на годината, турската лира загуби дури 35 проценти од својата вредност, што предизвика вознемиреност меѓу банките во Турција, имајќи предвид дека една третина од нивните кредити се во странска валута.