Турција уште ја отплеткува мрежата од воениот удар

95
Турција продолжува со апсењата на осомничените за обидот за државен удар

Турција нареди апсење на 128 лица од воениот персонал на земјата поради сомневање дека биле поврзани со мрежата која се обиде да го изведе државниот удар во 2016 година, пренесува „Ројтерс“.

Уапсените се осомничени дека се поддржувачи на муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен, кој беше обвинет за неуспешниот пуч пред три години. Ѓулен негираше било каква поврзаност.

Повеќе од 77.000 луѓе беа уапсени, а повеќе од 150.000 луѓе беа отпуштени или суспендирани од нивната работна позиција поради државниот удар.

Групите за човекови права и сојузничките земји на Турција го критикуваа степенот на острите мерки, велејќи дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го искористил неуспешниот државен удар како изговор за отстранување на оние кои не се негови  поддржувачи.

Турските власти тврдат дека ваквите безбедносни мерки се потребни поради сериозноста и големината на заканите со кои Турција се соочува и ветија дека ќе ја отстранат мрежата на Гулен од земјата.