Турција возврати на нападот во Сирија

131

Турските сили во Сирија целеа кон 115 и уништија 101 објект, како одговор на нападот на сириските владини сили во кои загинаа петмина турски војници, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува „Ројтерс“.

Министерството јави дека ќе продолжи да реагира на нападите врз своите трупи, кои имаат набудувачки пунктови во северозападна Сирија.

– Три тенкови, две минофрлачки позиции беа уништени, а еден хеликоптер беше погоден – се вели во соопштението.

Претходно денеска, турското Министерство објави дека петмина турски војници биле убиени, а пет повредени во интензивно гранатирање на северната сириска провинција Идлиб од страна на сириските владини сили.