Туристите во Грција соодветно да се заштитат од западнонилската треска

333

Со почетокот на туристичката сезона, здравствените власти во Грција, покрај опасностите од пожарите, предупредуваат и на неопходната заштита од болестите кои се пренесуваат со убоди од комарци, јавува „Гардијан“.

Една недела откако грчкото Министерство за надворешни работи (МНР) ги вклучи инсектите меѓу потенцијалните опасносни при патување во земјата, здравствените власти ги повикуваат туристите да преземат соодветни мерки за заштита од западнонилскиот вирус, по ланското појавување на епидемија.

– Има доволно случаи за да се знае дека ова е проблем за јавното здравје. Вирусот се етаблираше во Грција преку птиците кои мигрираат и им препорачуваме на сите да преземат заштитни мерки како носење на долги ракави, избегнување на места со стоечка вода, користење на заштитни мрежи и соодветни препарати за заштита – изјави Данаи Перваниду од грчкиот Институт за јавно здравје (ИЈЗ).

Рекордни 316 лица беа заразени од вирусот минатата година, а 50 лица починаа од болеста. Сезоната на пренос на вирусот започна невообичаено рано, а лабораториски дијагностицирани случаи се пријавени и во руралните и во урбаните средни, потврдуваат од грчкиот ИЈЗ.

Вообичаено е оние кои се инфицирани со вирусот да немаат симптоми. Додека околку 20 отсто од заразените доживуваат млаки симптоми, слични како оние на грипот, вклучувајчи покачена температура, главоболки и генерални болки, околку 1 отсто од заболените можат да развијат серозна болест, според американскиот Центар за контрола на болести и превенција.

Сепак, лани во Грција, 243 од дијагностицираните болни од западно-нилска треска покажале невроинвазивни болести како енцефалитис, менингитис и акутна парализа.

Грција во 2012 година последен пат се соочи со епидемија од волкав размер, кога беа регистирани 262 случаи и 35 починати лица.

Јужниот сосед годишно го посетуваат 31 милион туристи, скоро трипати повеќе од целокупната популација, а во моментов се преземаат конкретни чекори за да се контролира потенцијалното ширење на болеста. 

Грција не е единствената земјата во која има зголемена бројка на заболени од западнонилската треска. Во Италија, Кипар, Романија и Србија е забележано покчување на бројката на инфицирани од овој вирус.