Тузла со најзагаден воздух

26

Еколошки групи повикаа на итни мерки против загадувањето на воздухот во Тузла, предупредувајќи дека концентрацијата на прашина во воздухот е далеку над дозволеното ниво и предизвикува прерана смрт.

Во извештајот објавен од групацијата „Бенквоч нетворк“, Алијансата за здравје и животна средина и Центарот за екологија и енергетика на Босна и Херцеговина, беше побарано властите да се откажат од плановите за изградба на друга работна единица во локалната термоцентрала што користи лигнит.

Во извештајот се заклучува дека главна причина за загадувањето во Тузла е пепелта од термоцентралата и од блискиот рудник. Беше истакнато дека загадувањето на воздухот во Тузла е двојно поголемо отколку што е дозволено во 75 проценти од деновите кога е вршено мерење во 2018 година.
Со анализата се проценува дека во 2018 година во Тузла загадувањето на воздухот предизвикало 136 случаи на предвремена смрт на возрасни лица, што претставува 19 отсто од сите смртни случаи на лица постари од 30 години.
Загадувањето со ПМ 10 честички резултира со 1.339 нови случаи на заболени возрасни лица од Тузла, што е една третина од вкупниот број заболени лица од оваа болест во 2018 година.

Наместо спроведување нови мерки за намалување на загаденоста на воздухот, властите планираат изградба на нов блок од 450 МВ во термоцентралата „Тузла“, која со децении е еден од главните извори на загадување на околината.