Тројца бугарски министри поднесоа оставки по автобуската несреќа

87

Тројца министри од бугарската влада денеска поднесоа оставки по автобуската несреќа во која загинаа 17 луѓе и неколкумина беа повредени.

Претходно, бугарскиот премиер Бојко Борисов ги повика министрите за внатрешни работи, сообраќај и регионален развој да поднесат оставки и преземат политичка одговорност.

Оставките на Валентина Радева, Ивајло Московски и Николај Нанков треба да ги потврди Парламентот.

Несреќата се случи во саботата кога се преврте патнички автобус и слета од автопат на околу 50 километри северно од Софија. Засега нема информации за причината за несреќата.