Тодориќ ќе ѝ биде испорачан на Хрватска

938

Судијата на Британскиот суд во Лондон вчера објави дека нема пречки за испорачувањето на основачот на „Агрокор“, Ивица Тодориќ, на Хрватска за да му се суди пред домашните правосудни органи. Судијката побарала и притвор за Тодориќ, бидејќи смета дека не е доволна гаранцијата од 100 илјади фунти. Сопственикот на „Агрокор“, против кого се води судски процес за најголемата финансиска афера во Хрватска, има седум дена за поднесување жалба на оваа одлука, објавија вчера хрватските медиуми.

Судијата во Трговскиот суд Мислав Колакушиќ во разговор за телевизија Н1 изјави дека при одлучувањето за овој случај, важен е односот меѓу казненото и граѓанското право.
– Казнената постапка може да има големи последици на сите казнени тужби. Текот на казнената постапка е важен. Тодориќ тврди дека бил присилен да потпише и дека станува збор за политички монтиран процес. Одлуката на судот во Лондон веќе е добиена. Во случајот со испорачување би можело да се случи да ги штитат своите финансиски интереси – вели Колакушиќ.

Тој смета дека одлуката за испорачување може индиректно да влијае на процесот за „Агрокор“.
– Обвиненијата не се потврдени, ништо сериозно не се случило. Единствена цел на овие казнени постапки е да се вратат ограбените пари, а видовме дека досега не е вратена ниту една липа – вели судијата Колакушиќ.


Белград подготвува контрамерки за Загреб

Одлуката на официјален Загреб српскиот министер за одбрана Александар Вулин да се прогласи за персона нон грата за Хрватска е избрзана и станува збор за „вербален деликт“ , изјави Александар Вучиќ, претседател на Република Србија.
– Реакцијата на Хрватска е избрзана и нервозна. Србија ќе реагира со реципрочни мерки, за тоа ќе одлучи Владата в четврток. Ќе се придржувам на претходното ветување да не ги коментирам односите со Република Хрватска во наредните сто дена – изјави Вучиќ.
Од страна на Хрватска му беше откажано гостопримството на српскиот министер за одбрана Вулин, кој изјави дека за неговото патување во Република Хрватска може да одлучува врховниот командант на Војската на Република Србија, Александар Вучиќ, а за тоа никако не можат да одлучуваат хрватските министри.