Тестирање на туристите на границата за влез во Грција

320

Грција

Грција продолжи со ублажувањето на рестриктивните мерки воведени заради спречување на епидемијата на коронавирусот. Kупувачите во трговските центри повеќе не се обврзани да носат заштитни маски, додека вработените и натаму мора да ги имаат, пренесува „Катимерини“. Претходната одлука дека се дозволуваат до шест муштерии зад една маса во баровите и рестораните исто така е повлечена.

Речиси сите туристи што преку граничниот премин Промахонас (Кулата) влегуваат во Грција се тестираат, наместо како што беше досега по случаен избори.
Како што пренесува МИА, по откриените голем број „увезени“ случаи на ковид-19 кај туристи што влегле на овој граничен премин, Националната организација за јавно здравје ги тестира сите туристи.

Поради големиот број српски туристи што биле позитивни на тестирањата во Грција, од завчера има забрана за влез на грчка територија. Грчките медиуми информираат дека жена на возраст од 38 години од Србија е трето лице што е заболено од групата што пристигнала на грчкиот остров Евија.
Телевизијата Скај коментира дека поради тоа значително е намален бројот на туристи на Промахонас, а посетителите се претежно од Чешка, Бугарија и од Романија.