Тачи: На секоја закана од Србија ќе одговориме со војска и полиција

383

Косовскиот претседател Косово Хашим Тачи изјави дека Косово ќе одговори директно на секоја закана што може да дојде од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Јас сум врховен командант на Безбедносните сили на Косово (ФСК). Косово ќе одговори директно на секоја закана од Србија. Ќе одговориме со војска и со полиција. Како една нација – изјави Тачи во интервју за телевизијата Клан Косова.

Претседателот на Косово побара од Белград да престане со воинствената реторика и порача дека поделба на земјата нема да има.

– Ќе бидеме бескомпромисни во одбраната на нашиот интегритет и независноста. Поделбата на Косово е стара српска идеја. Тоа нема да се случи, јасно ви кажувам – порача Тачи.