Тачи: На заканите од Србија ќе одговориме со пушки

2457

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека на „заканите од Србија“ ќе биде одговорено со „пушки“.

– На тие закани ќе одговориме исто како што одговоривме пред 19 години, со пушки – истакна Тачи.

Тој тоа го изјави во својот говор на манифестацијата на караулата Кошаре, која се одржува по повод 19 години од конфликтот меѓу тогашната југословенска војска и ОВК на тој дел од границата.

Припадниците на југословенската војска успеале од април, па се во текот на НАТО бомбардирањето, да го спречат влегувањето во Косово на борците на ОВК, но се повлекоа на 10 јуни 1999 години по потпишувањето на Кумановскиот договор.

Косовските Албанци таа манифестација ја одржуваат на денот кога, како што велат, „конечно е отстранета границата меѓу албанските земји“.