Тачи најави оставка ако Хаг покрене обвинение против него

104

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, вечерва изјави дека ќе даде оставка доколку Специјалниот суд го потврди обвинението против него, Кадри Весели и други луѓе.

Во видео-обраќање до граѓаните на Косово, Тачи рече дека е фер да се расветли секој сомнеж и секое обвинување за воени злосторства од кој било и каде и да се случило.

– Можно е да сум направил грешки во мир, но никогаш и воени злосторства – рече Тачи.

Специјалното обвинителство во Хаг поднесе предлог обвинение против косовскиот претседател и други лица за воени злосторства и злосторства против човештвото. Тие се обвинети за скоро сто убиства.