Сурои: Хашим Тачи е неук човек, па зборува за компромиси со Белград

128

Косовскиот писател и публицист Ветон Сурои смета дека претседателот на Косово, Хашим Тачи е неук човек и затоа дава бесмислени изјави во врска со преговорите со Србија.

– Тој е неук човек и зборува такви работи. Ние немаме потреба да говориме за компромиси, ниту за што било друго. Треба да зборуваме за основите за еден мировен договор со Србија – изјави Сурои во интервју за ТВ Дукаѓини.

Според Сурои, договорот со Србија треба да биде сеопфатен, „да ги третира прашањата од иднината и од сегашноста, но и прашањата од минатото“.

– Не можеш да речеш некому дојди продавај на мојот пазар, додека тој во исто време гради црква врз масовна гробница. Има некои работи кои Европската унија ги има видено и препознаено – изјави Сурои во врска со слободната трговија меѓу Косово и Србија.