Судири на протести во Грција

80

Демонстранти се судрија со полицијата за време на синоќешните протести во неколку грчки градови кои се одржаа по повод петгодишнината од убиството на раперот Павлос Фисас.

Судири имало во Атина и во градовете Патра и Солун, каде групи демонстранти мавале со камења и шишира врз полицајците, кои одговориле со солзавец.

Засега нема информации за уапсени лица.

За убиството на 34-годишниот рапер кое се случи во 2013 година беше уапсен приврзаник на грчката неофашистичка партија „Златна Зора“, а против лидерите на партијата се води процес по обвиненија за создавање криминална организација. „Златна зора” има 15 пратеници во 300-члениот грчки Парламент.